А потоа, додека разговаравме за летото што ближи кон крајот, неочекувано, збунувачки неочекувано за мене, Иван изјави дека низ некој чуден превез сомнението постојано се труди да му прикаже нешто како привид.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Сега веќе верувам дека тој привид ќе се осветли, ќе се престори лик! – неочекувано гласно го изнесе својот заклучок - Да не произлезе најсетне дека сега се сети оти мајка ти, или некој друг, ти има кажано а ти, којзнае зошто, си го затурил сеќавањето - се обидов да се пошегувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Да зборуваме утре за тоа – реков – умни сме ние двајцата а притоа и сложни, решението нема да ни избега!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)