Човекот прв пат во својата историја доаѓа до личен впечаток дека душевното доживување може да се предизвикува по желба, а дека дрогата е најлесен начин да се дофати друга реалност, било како засолниште било како инспирација за уметничко творење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Зад ова привидно лесно начело на уметничко творење се крие, всушност, крајната цел, ригорозното барање од сите членови кои настапуваат во чинот на едно музичко искуство, бидејќи вака слободно, отворено, и така кажано, лабаво поставената форма рамномерно ја дели одговорноста (или неодговорноста) на сите нив.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)