уморен (прид.) - поглед (имн.)

На белото платно насликан мост, на едниот крај луѓе со спокојство во очите и блажени насмевки, а на другата страна се беше темно, модро небо, уморни погледи, скаменети насмевки, замрзнати солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наметнат со долга и сина, како водите на езерото антерија застануваше на најдолното стапало и вѕираше уморен поглед во водената површина - сѐ додека по неа играа сончевите зраци...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Задржете половина за нас. Половина поделете им на комшиите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Самуел ѝ возвраќа со уморен поглед.  „Тоа треба да се подели со луѓето”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Што болка чувствуваа ове луѓе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)