Овие разговори се совпаднале и со упатената порака од британскиот премиер Винстон Черчил до претседателот на Владата, Драгиша Цветковиќ, во која се нагласувало дека Черчил е уверен во конечниот пораз на силите на Оската, а исто така дека и распаѓањето на Кралството Југославија ќе биде неминовно доколку тоа тргне по патот на Романија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, во овој период, Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на САД испратиле заеднички демарш до Белград и остро се заканиле дека доколку Кралството Југославија пристапи кон пактот, по победата, Југославија ќе биде раздробена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Усните му се растегаа во блага насмевка што трепереше од двете страни околу нив: усни кои беа подготвени да даваат прочка а во исто време и да молчат , мирно примајќи ги упатените пораки.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)