Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)