Со умилкување, низ едвај забележливи кругови, главата си ја положив на топлото меѓу двете нозе, барајќи го со усните јазичето за да го изделам од вжештеното месо и да го апам, не заради апењето на тој усвитен дел од најженското на Ема, напрченото меко јазиче на кое се радував кога и ги кревав нозете до рамена за да го гледам тоа, како што таа ми велеше тогаш, црвеното кикиритче на црното јариче, туку со предумисла за да се изгуби трагата на она што го кажав (или сакав да го кажам) оти ми се причини дека тоа е бесмислено, дека ниту таа заслужува празни зборови, ниту јас треба на ваков начин да ѝ продавам памет на жената која ме сакаше и ја сакав.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)