успешен (прид.) - кариера (имн.)

Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За таа цел Александра отпатува до Германија, на сметка на општината којашто, просто, обожаваше да спонзорира презентации на успешната кариера на своите некогашни жители в туѓина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Следните неколку години работи како танчарка и стриптизета, по што потпишува договор со Вивид Ентертеинмент и започнува успешна кариера во порнографската филмска индустрија (за што е наградена со најпрестижните еснафски награди).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ова совпаѓање помеѓу некои творци и нивната публика создава среќни и успешни кариери.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)