Кон содржината на оваа студија беше додаден и дел во кој беа анализирани повеќе закони со посебен осврт околу правото на штрајк, а дополнително беше анализиран и нацрт уставниот амандман XXXIX, кој ја регулира материјата на уставната тужба, правен институт кој треба дополнително да ја зајакне заштитата на дел од уставно постулираните работнички права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Доколку навистина интенцијата на предлагачот е унапредување и зајакнување на заштитата на човековите права и слободи, тогаш требаше да бидат прифатени сугестиите на експертите и стручната јавност кои сугерираа таксативното набројување да биде заменето со една општа формулација која би ги опфатила сите права и слободи гарантирани со Уставот, како и оние гарантирани со Европската конвенција за човекови права и останатите меѓународни конвенции кои ги штитат правата на човекот ратификувани во согласност во Уставот, со што со ваквата формулација би дошло до хармонизација со чл. 8 ст. 1 и ст. 8,147 и чл. 118148 од Уставот на РМ и целосно би се применил супсидијарниот принцип во процесот на заштита на загарантираните права и слободи, со што би се следела успешната примена на уставните тужби во земјите од поранешна СФРЈ како Словенија и Хрватска или пак Германија, чиј модел го следеа најголемиот дел на европски земји при имплементирањето на овој позитивно-процесен инструмент.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Амандманот XXXIX предвидува надлежност на Уставниот суд да решава по уставна тужба поднесена од физичко или од правно лице, изјавена против поединечен акт или дејствие на државен орган, единица на локалната самоуправа или носител на јавни овластувања со кои му се повредуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот, и тоа: еднаквоста на граѓанинот во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествена положба, правото на живот, забраната за мачење, на нечовечко или понижувачко однесување, на казнување и на присилна работа, правото на слободата на човекот, правото на презумпција на невиност и фер судење, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање на институции за јавно информирање, слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, сигурноста и тајноста на личните податоци, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, правото на собирање и изразување јавен протест, почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот, неповредливоста на домот, како и правото на слободно движење, кога се исцрпени или не се предвидени други домашни редовни правни лекови за нивна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На пример, според текстот на амандманот, не постои можност за поднесување уставна тужба за заштита на правото на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност (чл. 32), правото на социјална сигурност и социјално осигурување (чл. 34), правото на синдикално организирање (чл. 37) или правото на штрајк (чл. 38), кои универзално се признаени за „основни“ права, посебно согледано преку досегашната јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така, можеби умесно ќе беше доколку експлицитно се нормираше дека поднесувањето на уставната тужба не подлежи на судски или било какви други такси.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)