Кучиња се среќаваат насекаде, а тие се најчести гости на париските улици, во утринските часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде животот тече цела ноќ, сѐ до раните утрински часови и од овие врвови се разлеваат звуците на чардашите, кои полека се истураат и потонуваат во водите на Дунав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овие сокаци се живи само во утринските часови и во тие мигови тука е тешко разминувањето од луѓе и од коли.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овој град не постои работно време за кафеаните, тие се отворени сѐ дотогаш додека има гости, а нив ги има и во ноќните, па и во раните утрински часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Особено во раните утрински часови, кога река од вработени се уптатуваат кон фабриките, продавниците и установите, и - во доцните вечерни часови, кога Будимпешта продолжува да живее во илјадниците ноќни локали, барови, бистрои и во најчуениот ноќен локал „Мулен Руж“, нешто слично на оној од парискиот кварт Пигал.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во утринските часови владее вистинско лудило во париските улици, на железничките станици, по долгите лавиринти на метрото.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пајтони, во полноќните часови, можат да се сретнат и во најбучавите градски улици, полни со веселници, најверојатно од ноќните локали, а меѓу нив и од најпознатиот во стариот град - „Крокодил“, каде што сè до раните утрински часови се игра и се пее, а не верувам дека на друго место да може да се види и - „поразголен“ стрип-тиз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
По два дена беше сторена вистинската работа: одново се свикани, попишан е остатокот, пристојно се третирани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На 25 април единиците во раните утрински часови вршат напад на Кратово и по неколкучасовни борба го заземаат.135 Во овој напад учествува и членот на британската воена мисија капетанот Ламби.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Кога слезе од возот, Ване не појде со врволицата по перонот па низ холот да излезе од станицата за да продолжи по улиците на кои во тие утрински часови се среќаваа само луѓето што одеа на работа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Посебно ја веселеше саботната кога одеше за Белград, а се враќаше во доцните утрински часови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа беше и причина во раните утрински часови да пристигне и полицијата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Превод од српски: Лидија Николова
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога го отворив „Гласот на јавноста“ што на масата го остави Аристин, прочитав во весникот дека истиот тој ден, во раните утрински часови, сум умрел. *
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На договорениот ден, сите беа будни од раните утрински часови. Марија одвај да беше спиела два-три часа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Средбата со Карл и неговиот престој тука, ќе покаже каков ќе биде нивниот однос. ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сака да останува до раните утрински часови, носи фризура како Bob Marley и сам си поставува работно време.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И реков еднаш а можеби и повеќе пати на Катерина дека го сожалувам кутриот социјализам бидејќи имам впечаток дека во раните утрински часови работниот човек воопшто не мисли на него, на социјализмот, туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во раните утрински часови, штом зраците на сонцето ќе се пробиеја низ гранките на дрвјата, стануваше работливата верверичка Буба, и со брзи чекори одеше да собира храна во својата кошничка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Навистина, еден негов комшија се колнеше дека таа вечер го видел како во црвена пижама со бели цветчиња се шета низ градскиот парк, но јас самиот им потврдив на одговорните дека другарот Ѓорѓи до раните утрински часови беше кај мене, а потоа замина право во својот стан, се разбира облечен сосема нормално.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Чувствував студ, омраза, страв, душата до раните утрински часови ја продавав на души изгубени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Екипата за дератизација мошне успешно си ја извршила задачата: во раните утрински часови, на разденување, без врева, без љубопитните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И веднаш ѝ се залепи мислата на вчерашниот ден, кога во раните утрински часови, две артилериски батерии, нивните позиции ги биеја без престан.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со сила на една чета поддржана со целото тешко оружје на бригадата и едно пододделение на артилеријата утре во 20 часот и 30 минути да преземе ноќен напад во насока Стеницка и да продолжи сѐ до утринските часови на 21 август.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Утринските часеви ми беа слободни и јас посетував курсеви по француски јазик во француската Алијанса.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Стомачето ги дал клучевите на неговите другари и додека тој бил во болница поради заушките, тие тука си правеле журки и забави до раните утрински часови.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)