Слушнав дека во Руан, кој се наоѓа на стотина километри од Париз, француските училишни власти се согласиле на македонските деца, во едно училиште, два часа неделно да им се држат часови по националните предмети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како одговор на тој бунт училишната власт кон сите ученици применила остра дисциплинска мерка - сите ученици од VI клас се нашле надвор од Гимназијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бино даскалот немаше зборови да ја нафали по село, па дури со гордост ја извести училишната власт во Прилеп и владиката Глигорија во Битола дека кај него „прозирнило" и едно женско учениче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)