Ја гледа Богдан Видуша допрена до него на сликата пред училишната врата и му навираат нејзини зборови од писмото што го најде во ковчегот заедно со другите неиспратени писма: „Еве ти пишувам пак, иако не знам каде да ти го пратам писмово.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Наредени се сите деца од одделението пред училишната врата; пониските напред, повисоките одзади за да се гледаат сите; некои се потстрижени, а некои сосем истрижени и главите им светкаат како тикулиња; девојчињата со долги коси или со плетенки; некои се врзани со шамии или навезани убруси; облечени се кое како имало: некои со нови алишта, некои со ветви; со чевли или со опинчиња; во рацете држат сведителства за завршено четврто одделение; некои се насмевнати, а некои стутулени како исплашени или тажни; некои се со ишиклени очи, а некои со замижани од сонцето.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Над училишната врата се вееше знамето, издупено од куршуми и влеваше леснина и радост во душата: слободата довтасала веќе, па еве ја, еве ја овде меѓу нас, нѐ гушка, нѐ милува и го брани ова делче од просторот слободно да дише ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)