Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Грбот ѝ беше како кадифе, ушната школка потреперуваше како веќе да го очекуваше неговото милување.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Спиралниот звук на сирената продираше во ушните школки, копаше, начнуваше сѐ на својот пат, се таложеше во луѓето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше неверојатно нежен и не му ги пронижуваше ушите како пробивното биење од црквите на кое беше навикнат на Запад.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неговите ушни школки не го примаат рапавиот глас.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Најпосле, Тоа мора да зборува, затоа му треба барем неговата вилица и вокалниот тракт, Тоа мора и да слуша, затоа му треба неговиот перцептивен кортекс и ушната школка, му треба и неговото внимание, затоа најверојатно ќе преземе и дел од неговата мозочна кора.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ќе ми ги одземе главата и мозокот и ќе го исполни секое око и секој заб и сите свиоци во умот, сета коса, секој набор на ушните школки и тогаш ништо веќе не ќе остане од мене.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Откако добро размисли, тој најпосле реши да се занимава со градинарство, бидејќи од своето заминување од Запад во вдлабнатината на својата ушна школка носеше разновидни семиња.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Си го доближи увото до неговите усни. Слабо струјкање заудира сосем малку во ушната школка на Глигора. Спиеше длабоко и болно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)