Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан,    и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските    камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури    не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата    само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно    само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 29-31“
              
              (1996)