физички (прид.) - промена (имн.)

Тој таквите објекти и форми-формални објекти ги третираше како да се болни и како физички да мораат да се променат преминувајќи од цврста состојба во течна, така што нивната топлина да стане достапна и да може на луѓето да им прави добро.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со ова уверување тој го следеше антропозофот Рудолф Штајнер, кој во ова преобразување на медот што го прават пчелите виде пример за самиот процес на животот - “хаотичниот, течен” материјал, отелотворување на “духовната топлина” и, како таков, неисцрпен извор на енергија - во “кристална скулптура... со правилен геометриски облик”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс еднаш рекол: “работите во мене” - чувствата и физичката конфигурација која можат да ја симболизираат надворешните културни работи - мораа во потполност да бидат трансплантирани: некаква физичка промена мораше да се случи во мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Следната недела се наоѓав во старото здание на болницата „Света Маргарита“ во Калкута, крај постелата на својот пријател, кого, наспроти огромната физичка промена, веднаш го препознав.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа моја физичка промена беше многу тешко да се сфати и, на крај, не постоеше човек кој може да се носи со фактот дека оваа атрактивна убавица следниот момент може да се претвори во грда, очајна трапавка без ни трошка достоинство и самодоверба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)