филмски (прид.) - брзина (имн.)

Работите се случуваа со филмска брзина.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бојане, па живеевме некако и со тешката болест што ја имаше, а сега одеднаш како со филмска брзина се случија сиве овие работи, сè се преврте наопаку, како некој грд сон.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Веруваше дека беше минато времето на борбените операции откако во Тунис на 15 април 1988 година го изгуби својот прв компањон во борбата Абу Џихад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настаните се одвиваа со филмска брзина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)