Поради финансиските проблеми оваа фабрика, во која сѐ уште имаше државен пакет акции, влезе во познатиот FESAL II аранжман склучен помеѓу Владата на РМ (чиј претставник беше тогашниот Министер за финансии, а сегашен Премиер – м-р Н.Груевски) и ММФ, како една од т.н. „12 големи загубари“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Наместо ова на работниците, на рака, им се даваа „ситни пари“ во кеш, а остатокот од личниот доход им се исплаќаше во натура – преку давање свински полутки, јагниња, пилиња, копани, табли јајца, еурокрем или, пак, канти сирење!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Уште пред да дојдам да живеам со него, знаев дека, прво и основно, ќе имаме финансиски проблеми.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Платите почнаа да доцнат, а подоцна и воопшто да не се исплаќаат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие ја покажуваат токму можноста за делување на принципот на нарачка и на овие простори - продукцијата на делото за нашите автори е често непремостлив финансиски проблем.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)