ДЕРИДА: Пред сѐ би сакал да преземам една мерка на внимание, имено таа, што одбивам да зборувам за “типично” француска филозофија.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тоа што сега ќе ви го речам, значи, ќе ви го речам не во името на една “типично” француска филозофија, туку од едно стојалиште кое е мое или можеби стојалиште на мал број филозофи што ми се блиски: внатре француското подрачје на филозофијата постојат многу дисконтинуитети, ломови и конфликти.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ако денес во германско-француската дебата ни е нужно разбистрување, тогаш мораме да се обидеме што е можно помалку да бидеме произволни и да не зборуваме за „типично“ германската или „типично“ француската филозофија.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)