фрлен (прид.) - крв (имн.)

После 1959, хепенинзите што ја вклучуваат и публиката и уметниците, во САД и Европа ги изведуваат разни уметници меѓу кои се Kaprow, Oldenburg, Dine, Schneemann, Vostell, Knizak, Lebel, Kudo i Kasama, а уметниците собрани околу Флуксус (Fluxus), како Ono, Paik i Moorman, Higgins, Beuys i Vautier исто така го користат телото во својата уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Виенските акционисти беа меѓу првите што ги злоупотребуваа телата за да го пречекорат јазикот и да ја интензивираат пораката. 1962 г. Hermann Nitsch се врзува за ѕид како да е распнат, а врз него е фрлена крв од јагне. Otto Muhl и неговите соработници ги обесчестуваат своите тела во една хаотична, оргијастична инсценација, со цел да ослободат одредени табуа и да го ослободат поединецот од репресијата на буржуаското општество. Rudolf Schwarckogler создава серии ин­сце­нирани фотографии на коишто телата на различни начини се рануваат, бандажираат и уништуваат со струјни удари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)