фрлен (прид.) - и (сврз.)

Ја најдов фрлена и ја оставив фрлена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зар и јас ќе бидам фрлена и изгазена под неговите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Газеа по гнилите прагови, наведнувајќи се повремено за да земат парче одамна фрлена жица, рѓосан шраф или некој друг фрлен и заборавен предмет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)