Писателот мора да знае не смао како и колку плива секој лик одделно, туку и да умее со помош на тоа знаење да го одржи на површината од реката, за овој да не се удави.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нормално беше избркана од оваа хаотична дупка- гроб во која немаше ништо, ниту часовници, ниту време, и во која тонев сѐ подлабоко, без врисок, со сув јазик, без да можам да ја придвижам вилицата, со реки пот што се лееја по мене, со голема железна топка пикната во грлото што ме влечеше надолу, надолу.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)