Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Големиот метеж што настана на тоа имагинарно место на општествено средиште ги открива најдлабоките слоеви на кризата во која се наоѓа хрватското општество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Стравот од противречноста, од внатрешниот раздор и судир којшто доминира со хрватската политика и култура, е израз на историска незрелост и симптом на конституциска слабост на хрватското општество. Маргина 35 11
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)