Кога многу, многу години, по татковото исчезнување, трагав по неговите наследени книги, со различни писма, ја барав неговата цариградска диплома, најдов повеќе потврди за нејзиното постоење, но самата диплома не ја открив никогаш, како и сите тајни во самата наследена таткова тишина, можеби задржана меѓу две непознати книги во неговата библиотека.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Цариградска диплома за правни студии, во монархистичката родна земја!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тука беше, првин, неговата цариградска диплома, со која стана кадија, па нејзината нострификација во монархистичката родна земја, па потоа нејзината валидност од времето на окупацијата, во градот на истекот на реката од Езерото.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Стравуваше дека може да се случи токму цариградската диплома, легализирана одамна во родната земја, да биде извор за нови подметнувања и денунцијации.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)