цветен (прид.) - градина (имн.)

Сите да се вака работливи, населбата би ни била цветна градина!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зависен од Централата – Џ.Џ. всушност не престануваше да дава аргументи за пора­зот на победниците, за претворањето на земјата во цветна градина со бункери, за преобраќање на народот во новата вера – идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше сигурно оти стариот Пико, во овие минути кога јас јурев по магистралниот пат напуштајќи ја Картагина, небаре во донкихотовска, дипломатска мисија, си го допиваше своето кафе во својата цветна градина, почнувајќи да чита нова книга, за која сигурно ќе ми раскажува, при наредната прошетка крај морето, а јас ќе му кажувам за своите дипломатски искушенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разликува од претходните, обилува со оптимизам: - Нашите родители ни раскажуваат дека Берово некогаш било град на зеленило - имало дрвореди од липи и див костен, зелени површини и убави цветни градини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Иако, веднаш да речам, никогаш порано ја немав замислувано на прошетка низ цветна градина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, таа слика ми се немаше јавувано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А толку ни е пријатно да лежиме тука, меѓу вас, во оваа убава, цветна градина.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)