Пијаното без сомневање било софистициран симбол на Бојсовото лично сопство, бидејќи ја претставува неговата грандиозност и одалеченост и сугерира дека, детинесто, несвесно се идентификува со големината и одалеченоста на своите родители.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Континуитетот на нашиот живот се одржува така, што е окружен со цврстата состојба на супстанцата на времето, кое траеше извесен период.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Според Бојс, преобразувањето на медот во саќе од страна на пчелите е “примарен вајарски процес” и, како таков, модел за секое создавање на уметност, поединечно и општествено.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој таквите објекти и форми-формални објекти ги третираше како да се болни и како физички да мораат да се променат преминувајќи од цврста состојба во течна, така што нивната топлина да стане достапна и да може на луѓето да им прави добро.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)