На серенадата присуствувала целата тајфа на виолинистот Филе, а тајфата ја предводел лично Голем Тодор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)