Лудвик гледаше во мене, во моите солзи, ги бришеше, и ме тешеше; замислете, господин судија, тој мене ме тешеше, наместо јас него; тој си одеше; немаше ништо пред себе, одеше во целосна неизвесност; ние пак се враќавме во својот сигурен и предвидлив свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)