Ние располагаме со модерна индустрија, со големо дрвно и минерално богатство, со разновидно земјоделско производство, дури и со свои технички пронајдоци, ценети во странство, а тоа треба да се прикаже.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Тоа не се обични килими – се надоврза Игбал на моите размислувања како да ми ги чита мислите. – Килимите се од природна свила и затоа што се рачно ткаени имаат голема вредност и многу се ценети во светот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)