Од тој терен се овозможувало и преземање на оружени акции кон Полог (Тетово-Гостивар); Втората македонска ударна бригада да дејствува во реонот на Тиквеш и Гевгелија со преземање офанзивни акции во правец на Кавадарци и Демир Капија; Третата група баталјони, составена од баталјоните “Стив Наумов” и “Христо Ботев” добиле задача да ја преминат реката Вардар и да се пробијат низ источна Македонија и по пристигнувањето во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава да се спојат со јужноморавските и единици на Космет.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Поголемиот дел од територијата каде што живеело македонско население, централна и западна Македонија со над 200.000 жители - бил ставен под управа на грчката квислиншка влада на Чолакоглу.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Фашистичка Германија го окупирала централниот дел од делот на Македонија под Грција со Солунско, Кукушко, Гуменџиско, Воденско, Берско, Катеринско и дел од Леринско и Кожанско.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Според нив Горна Македонија го опфаќала внатрешниот дел на Македонија во кој преовладувале планински предели, а Долна Македонија или Приморска Македонија го опфаќала централниот дел на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Според добиените конкретни задачи: - Првата македонско-косовска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари 1944 година од с. Бахово во правец: Бахово-Мариово-Дрен-Мукос-Бабуна Планина, со задача да дејствува во централниот дел на Македонија, задржуваќи се на просторот Азот-Порече.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Според предвидениот план на ГШ на НОВ и ПО на Македонија бригадата требало да дејствува во централниот дел на Македонија задржувајќи се на просторот на Азот и Порече и во тој крај требало да го разгори востанието.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Така за централниот дел на Македонија биле определени тогашниот комесар на Главниот штаб Цветко Узуновски и заменик командантот на Главниот штаб Панче Неделковски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Германците го окупирале централниот дел од делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во секој случај, минералот “зелен дијамант” некаде во својот централен дел (кога удрил во западно- маусдонските планини се распрснал на илјадници километри далечина) е носител на таа натприродна, скоро божествена свест.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Насекаде имаше фенери, факели, и неколку силни огнови чии пламења се извишуваа кон темното небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ова е како театарска сцена,“ рече брат ми. „Или како циркуска арена,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Толпата, правејќи круг, се беше насобрала околу централниот дел, и се туркаше да ги види луѓето со костими од перја, луѓето со капи во форма на клунови и големи рибји опашки, луѓето со облека натопена во боја црвена како крв, луѓето со ангелски и пеперуткини и птичји криља, луѓето скриени во огромни јајца на кои имаше отвори за нивните очи, луѓето под долги сини чаршави кои беа река, луѓето со труби кои ја најавуваа апокалипсата, луѓето кои се прпелкаа по црвениот чаршав и гореа во вечниот оган, луѓето кои лежеа на синиот чаршав и уживаа во небесниот спокој, и еден човек со крст на грбот, кој гледаше нагоре кон мракот и извикуваше: „Господи, Господи, зошто ме остави?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, овој модел сé уште не го објаснува отсуството на притисок во централниот дел.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На централниот дел од ѕидот стоеше порака, напишана на вешто изработен папирус, која почнуваше со зборови: „Кажи ми ангелу скришно каде да соберам сила искушениево да го скротам?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Извидникот пронајде место каде што ништо не ќе може да помине незабележано, подалеку од централниот дел на салата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Климент Камилски беше повторно фасциниран од глетката на централниот дел на Татковата библиотека, но сега од распоредот на книгите, кој многу се разликуваше од неговиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја помилувала малата Ервехе и ги повела во централниот дел на големиот павилјон.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во средината на шеесетите, се зголемуваше бројот на уметниците, почнувајќи од Џаспер Џонс до Џонатан Боровски (Jonathan Borof- sky), од Joseph Beuys до Jean-Michel Basquiat, кои се вртеа кон детскиот урнек на мислење како пат кон искусување на светот со голема непосредност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Елизабет Мареј (Elizabeth Murray) во својата слика Joanne in the Canyons (нацртана декември 1990.), вклучи во централниот дел од дното, црвен, коцкаст приказ на Empire State Building копиран од цртежот на нејзината четири- и- пол- годишна ќерка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во овој напис јас нема да се обидам да го разгледам целокупното негово дело, туку само оној философски дел што е поврзан со темата за одредливоста на смислата (иако, дискутабилно, ова е централниот дел од неговото дело).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Првата смисла е онаа во која неговото дело се испречува пред традиционалната поделба помеѓу философијата И литературната критика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Поради овој разлог, јас не сум сигурен дека сум го разбрал.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
ПАНАЈОТИС: Основата, господа, е во форма на впишан крст во правоаголно пространство. Кон запад, нартекс со крстосни сводови и слепа купола; во централниот дел на сводот. Исток, олтарна апсида со тули. Север и југ параклиси.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во централниот дел на паркот имаше една голема коцкеста површина со песок каде што си играа дечињата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
А треба да се потцрта дека овој дел бил централен дел на Солун, во кој биле лоцирани важни европски установи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се натпреварувавме со велосипедите, се навикнувавме, баш уживање!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Колку што се оддалечувавме од централниот дел на паркот, толку потивко и попразно беше. Милина една!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)