Откривајќи го делото на Едгар Морен, преку неговата книга Видал и своите, сага за балканскиот и европскиот егзил на неговото семејство, чија централна личност е неговиот татко Видал Наум, јас воедно го проширував хоризонтот на мојата потрага по татковиот балкански егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Иако е централна личност на новиот технолошки култ и најголемите zaibatsu-и (корпорации) му нудат баснословни спогодби да работи за нив, повеќе сака да живее во расфрлан бунгалов со својата збирка (преку 100) музички инструменти - од ксилофони до гитари и дувачки инструменти.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Спомнатиот Величковски беше централната личност од она несреќно синоќешно случување речиси еднакво на вистински сон што ме следи од моментот кога се разбудив.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Христов бил центар околу кого се групирале велешките емигранти, граѓани, занаетчии, трговци, и особено селаните, а Бошнаков бил централна личност на Велешката околија, а и на дел од интелигенцијата на Скопскиот револуционерен округ.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Првин, помислив на гробот на татковата мајка, сигурно и таа централна личност во семејната сага, постојан предизвик во мојата потрага: - Што стана со баба, кога почина, каде е закопана, дали и нејзиниот гроб е во преораните?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Освен појдовната точка (егзилот на едно семејство, со таткото како централна личност), јас не откривам ништо заедничко помеѓу вашите книги и Видал и своите од Едгар Морен и не гледам во што толку му должите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Изгледа знаат дека ако се мирни и си ја вршат поставената задача, еден ден можеби судбината ќе и се насмее и ќе заиграат во центарот, то ест ќе станат централни личности во животната заедница.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)