Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во косата, како сениште, почнуваше да се одближува црвениот лав на сонцето, добродушен и сит, мислиш вистинскиот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Црвениот лав на сонцето играше околу нивното градилиште, а сите мајстори сакаа да се довикуваа со онојго, со Ристана, и тоа беше еден живот, во кој не постои ништо друго, освен тој празник на градењето. Радост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Црвениот лав на сонцето беше како удрен по глава; таков ошумоглавен; тој беше се прибрал во тревите, гаснејќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ додека црвениот лав на сонцето не папса сосема, искрвавен и оптегнат во тревите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гледаа само како на месечината косата на оној му станува пак црвена и кога ќе се заборавеа во таа загледаност на сите ним им се чинеше дека тоа пак црвениот лав продолжува со своето добродушно палавење, станат од тревите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И знаеја сега сите дека црвениот лав на сонцето ќе биде мртов до крајот на тоа лето, и на јаве, и во сонот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш нему на малиот Змејко, му се стори просто како да го виде црвениот лав на сонцето како се повлече во тревите и како остана спружен, а деновите од тоа добија нешто потпечено и безбојно. Како усни на жед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Си го жалеа само оној свој црвен лав на сонцето на тоа свое лето, што беше готов во тревите, си ја жалеа својата смеа, која што не им се врати повторно. ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)