Дури и црвеникавата коса, кусо потстрижена, му беше напрчена.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Имаа сосем иста/ идентична насмевка, и дупчињата на образите, сосем исти, малку подмижани синозелени очи, црвеникава коса и макички, подзасилени преку носот и на јаболчниците.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Занемени го гледавме - де во босите прашливи стапала, де во разнишаното тело и раскрилените раце, де во збруштеното лице.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Зад привидниот ред, багажот во мојот куфер е расфрлан и хаотичен товар на фрустриран провинцијалец.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Така, се спријателив со Словенецот Јоже и со Жозефин од Мартиник (со идентично име и татковина како Наполеоновата) во Париз, со Италијанката Џована и Јапонецот Хиро во Лондон, со Американецот Џонатан во Платамона, со издолжената Англичанка Вероника со црвеникава коса во Дубровник.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Имаше кафеаво – црвеникава коса постојано врзана во реп, беше слаба и висока како модел од Фешн тв и имаше лице налик на верверичката што се појавуваше во секој број од детското списание "Зорица", кое што Александар и Дарко го добиваа секој месец додека заедно одеа во забавиште.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Беше малку повисок од мене, со неисчешлана црвеникава коса и со многубројни ситни дамки по лицето.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)