Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)