Умееше да пее старински црковни песни и личеше на преоблечен патрик дојденец, по лик не господов слуга туку манастирски господ.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се ширеше гласот на црковните песни што ги пееја луѓето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Слепи боже, слепи клекни, слепи бесмертни, по меј вас — почна поп Илија да се бие шега со словенските црковни песни и молитви, на кое поп Пројче уште поиронично му го издекламира грчкиот оче наш, притурајќи на секој стих по една измислена дотуреница: — Патер има он — пајка со лимон . . .
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имаше набожен глас. Говори, ти ја потресува душата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)