црковен (прид.) - и (сврз.)

Во замена за тоа ние ќе имаме лице и право да се надеваме од нашиот великодушен господар да добиеме полна автономија во црковното и училишното дело и полна рамноправност пред законот и во месната самоуправа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По формирањето на Бугарија како зависно кнежевство, во 1878, таа ја презела целокупната иницијатива за ширење на големобугарската пропаганда во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Почитуван господине претседателе со госпоѓата, драги црковни и световни власти, ценет дипломатски кору, уважени гости од странство, драги пријатели, државјани и членови на НСК, почитувано општинство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За да соберат што повеќе наши момчиња, српските окупациони власти одеа дури дотаму што ги фалсификуваа црковните и општинските книги, од помлади момчиња ги правеа постари, ги собираа и ги испраќаа во шумадинските градови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јакобсон вели: „Почнуваат да се бришат границите меѓу црковното и световното, меѓу книжевноста, меѓу фолклорот, меѓу пишуваниот и говорниот јазик (...)
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)