Го сакам пишувањето со црни букви, создавање облека за сонот, обликувајќи ја душата со зборови што крие чекори во еден здив.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Се гледаме в очи и траеме во молкот и во тој миг ми се пристори дека црните букви ме жежат и ми ја горат дланката...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дали е тој во речениците? Можеби да, ако оружјето со кое човек го совладува се црните букви.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Листот бел и празен, без ни една црна буква на него, но јас не го ни забележувам сосема тоа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)