Зарем немав право? Ако не постоеше тој црн знак верувам дека немаше да бидат спомнати планинските беспаќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Секој човек поседува сопствени сензори, „тие се однесуваат на шифрата, нејзината печатена слика, на црните знаци, само на нив“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не знам дали се сложуваш со мене но јас токму од оваа твоја порака извлеков заклучок дека несреќниците во животот постојано се чувствуваат излажани.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Полковниците одеа по кметот и учителот и се загледуваа во оние куќи кои беа обележани со црни знаци - чумини точки останати од времето на војните кога се обележуваа заразените куќи од чума.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)