Не знаеше: седеа собрани во својата заседа, шумеа се наслушуваа, го тегнеа господа за брада, слутеа црна иднина ако останат пасивни зашто не веруваа дека тој е само месечар, обичен болен месечар без зла совест.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој се заколна на куп кори од лубеници дека ќе помогне попот да биде заслужено казнет а мантијата за него се повеќе стануваше знаме на црна иднина, болка од која двете зрна кафе во очите побелуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)