Татко ми имаше книги во кои нашироко се расправа како козите ги осиромашиле шумите во Шпанија, на Сицилија, на Корзика, падините на планината Атлас во Северна Африка, дури до Црното Море.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
По пристигнувањето на Аварите, во втората половина на VI век, дел се приклучиле кон нив и се населиле во областа на среден Дунав и Тиса, а други останале околу р. Волга, Дон и северниот брег на Црно Море.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Месечко посилно го разгорел фенерот, во црното море од небеска недогледност... Ти со срце поцврсто од камен заминуваш...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А потоа, уште таму, на брегот на Црното море се пренесе веста за вашето херојство во одбрана на отстапницата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ами ако е, како што се случува често, долу до недостижни бездни, далеку под дното на црните мориња?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)