Дури Доста го сопаша појасот, го одврза гушалчето, ги разлабави врвците на чорапите и на калците, борината догоре и едвај бледи зраци ја параа црната темница во земникот на Сукалови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Погледнувам надвор – црна темница, густа ко запршка. „Гудбај френд“, му возвраќам.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Жена се разбреа на сет глас, растура колнежи во црната темница и се дави во грчот на липањето...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ова всушност само мрак, црна темница иако тоа ништо не менува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Многу често, додека ги влечев вреќичките по плочките во трговскиот центар и се килавев како маченик, во црната темница друштво ми правеа мачките и напуштените кучиња што се грееја во тунелите... и еден млад дечко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И одеднаш, настана црна темница во шумата, и само буквите од словото незнајно на штичката почнаа да светат со светлина сто пати, многу пати посјајна од онаа на огнот наш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Црната темница што ја поклопи зградата ја издупчија виделца од кандилца и свеќи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Најпосле во црната темница се слушна гласот од коџобашијата Димитрија: – Сега, агачко, сега.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во тој момент преку месечината помина малечко облаче и планината ја покри црна темница.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со еден збор, така велат старите, црната темница ги изеде.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)