Зад него стоеја офицерот со неподвижно лице и стражарите во црни униформи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговите иследници не беа повеќе оние разбојници во црни униформи, туку партиски интелектуалци, мали тркалезни луѓе со вешти движења и со блескави очила, кои работеа на него во смени што траеја - не беше сигурен, но претпоставуваше - по десет или дванаесет часови без прекин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Собата се исполни со крупни луѓе во црни униформи, со потковани чизми на нозете и со пендреци во рацете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постојано имаше по пет до шест луѓе во црни униформи, кои истовремено се нафрлаа на него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден млад офицер, со елегантна фигура во црна униформа, сета блескава од кожа и со лице со рамни црти што наликуваше на восочна маска, влезе отсечно во собата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
О'Брајан и понатаму шеташе горе-долу, со едната рака во џебот од црната униформа, а со другата држејќи ја цигарата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Белиот околувратник го одделува нејзиниот уште побел врат од црната униформа.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од отворениот куфер се растури неговата црна униформа, како црна маглина, со ѕвездите што блескаа ваму-таму, оддалечени, во материјалот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Потоа заспав, и се разбудив дури откако го чув звукот на сирената од колата за хемиско чистење што застана долу во дворот. Ја однесоа црната униформа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)