Иако различни, Рашела и татко ѝ во погледот имаа нешто сосем слично, некаков спокој и тажна задлабоченост. Кога, водејќи ме за рака, Рашела ќе ме однесеше во неговата мала, чиста, но стара и сроната чевларска работилница, откако ќе седневме на двете преостанати столчиња со сламено, плетено седиште, таткото и ќерката долго молчеа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)