четврт (прид.) - партнер (имн.)

Се случуваше Татко и двајцата блиски пријатели Афз Б. и Мустафа С., во очекување на неизвесниот четврти партнер, да играат сами.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не прилегаше на ниту еден од четвртите партнери на балканскиот покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ден по последната се бараше на сите страни новиот четврти партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Свесни дека во тие повоени години лесно можеше да се стане роб на изговорените зборови, тие многу внимаваа кој ќе биде четвртиот партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така четвртиот партнер беше секогаш нов, непознат, необичен не само за старите играчи, туку и за сите нас, другите во семејството, Мајка, ние децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во последниот закажан покер како четврти партнер се очекуваше еден приватен газда на неколку арабаџии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)