“Мојот предок, војвода од четиринаесеттиот век, - пишуваше Трошчејкин со “јат” - и затоа, драга Вера, ве молам и вас отсега така да го пишувате моето презиме”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се прашуваше зошто еден таков угледен човек би ја напуштил својата земја заедно со тие “доселени, културно заостанати дојденци”, и наоѓаше одговор: Мојсеј бил поклоник на првата монотеистичка религија, воспоставена од фараонот Ихнатон, кој во четиринаесеттиот век пред новата ера го забранил многубоштвото, со смртна закана спречувајќи го својот народ да им се поклонува на боговите во кои дотогаш верувал со милениуми, а за еден и единствен Бог го прогласил Атон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седумнаесет години откако ја вовел новата религија, фараонот умрел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На масата кај Драгана прелистував една книга за цивилизацијата на реонот Рајна - Меза од осмиот до четиринаесеттиот век и се запрев на една страница каде што се говори за цивилизацијата низ векови на Уј.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)