Скот: Тоа е само твоја работа, храброста во чиста состојба, која дотолку повеќе те краси.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Читателот ќе биде предупреден уште од првите страници на книгата: „Победата или поразот никогаш не му се нудат на човекот во чиста состојба, како што впрочем животот постојано сведочи.”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)