Но поетот со нова метафора го решава проблемот на човековата судбина: Биди ѕвезда на својот живот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Уште поубаво речено, мој Клименте, но сепак ние да си се спуштиме на земјата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Моите дипломатски мисии во суштина ги разбирав во откривањето на новите можности на пријателството во напорот да се издржи, осмисли и пренесе човековата судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Верноста кон пријателството можеби е најубавото што постои во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За мене тоа беше своевидна парафраза на Монтењовата дефиниција на пријателството според која секој си останува со своето, свој во пријателството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таква е човековата судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Махмуд Дарвиш беше свесен дека пред себе нема љубопитен новинар кој би го искористил неговото присуство за ексклузивно интервју туку човек, писател и поранешен дипломат кој ја споделува на еден посебен начин судбината на неговиот народ, како дел од човековата судбина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше повеќе мигови кога сакав да го кажам својот дел на вистината за Арафат и Палестина, во чија епопеја бев фрагментарно замешан, но која силно ме означи во животот, во осознавањето на моќта и трагизмот на човековата судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вие го напуштивте во 1993 година не согласувајќи се со договорите од Осло...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На крајот стана жртва на својот утописки прагматизам...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Лакхдар Брахими гледајќи во отворената книга на Малро Човеквата судбина, замислено рече: Се чини мина засекогаш времето на големите, харизматични личности-интелектуалци во поновата историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа книга која говори за дезилузионизмот по фазата на адорација на левите европски интелектуалци од советскиот сталинизам (како Сартр, Арагон, Сартр и други) беше поводот разговорот да се префрли на улогата на личноста, на интелектуалците, на големите дипломати во разврската на современите историски процеси.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Охрабрен Горски продолжи: - Јагулата, како ретко кое друго живо суштество на планетата, ја следи човековата судбина, како што човек ја следи нејзината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Пусти граници, пусти човекови судбини.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)