човеков (прид.) - суштина (имн.)

Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вистина е дека тој постојано е во сè поголема криза, но сè уште не е напуштен или супституиран.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Уметноста го означува како прекинот со прареалноста, така и обидот да се излекува преломот кој со тоа настанал во човековата суштина.“ (Ернесто Граси) А Каде сме денес?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во една „метафизичка“ смисла имаме, значи, работа со две човечки ситуации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во неговите распакнатини и најкритични точки, зад завесата на филозофскиот спектакл на идентитет и единство, на моменти се јавува и телото: кај Ниче, во Фројдовата психоанализа и во феноменологијата и постструктурализмот телото сè почесто е протагонист на човековата суштина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)