чуден (прид.) - збор (имн.)

Во приливот на шепотот на млаките бранови на ветрот носеа до него чудни зборови само по звук оформени во протест и бунт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и пеевме некои чудни зборови: /Еј, запрегниме ракајте потни / нови луѓе да градиме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И овие чудни зборови се на татко му на Иван. Ги изрече оној ден кога изгледа замина да се сретне со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Во она друго време – реков - додека бевме загледани во слободата што се чинеше дека од далеку ни се насмевнува, поинаку гледавме на животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Воопшто не ме мрзеше да станам и да проверам како Братољуб го објаснува во својата книга чудниот збор табу.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колку многу ќе ѝ се налутев, да не беше тој чуден збор - инспирација, што ме збуни малку и ми ја смали лутината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Враќање на надежта Еразмо, обземен од чудните зборови на старецот, престана да го споменува бикот Чако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа и не забележала, бидејќи никогаш не би ни помислила дека Љупчо би можел да стори таква лоша работа: да краде од сопствените родители.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мајка ѝ на Соња беше многу лута. Ѝ се закануваше дека дома ќе се разберат; божем ја срамела пред сите и се такви некакви чудни зборови слушав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потем, една ноќ, сони нов збор, кој му изгледаше поприкладен: “академија”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За манастриот велеше дека би требало да се вика “лицеј”, оти тој збор повистинито ја претставувал убавината на градбата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И, се поболе отец Ангелариј од жал, од некаква чудна болест: почна да им ги заборава имињата на нештата, и многу нови, чудни зборови употребуваше за да ги означи предметите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)