чудесен (прид.) - блесок (имн.)

Во непосредно соседство на големата езерска вода, привлечени од нејзиниот чудесен блесок и многу повеќе од градскиот вријавец и широките перспективи што тој ги отвора пред нив, пасквелчаните во крајот на втората книга стремглаво ќе се сјурат кон езерскиот брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некаде крај големата водена површина се наѕира град, таму е остатокот на светот, таму се другите, а Меланхолијата е издвоена овде, сама.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со ист сјај како белките на очите проблеснува и морето во заднината, а на небото е кометата со својот чудесен блесок, која наскоро ќе исчезне од небото на Меланхолијата, за одново да потоне во мрак нејзиниот свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)