чудесен (прид.) - леснина (имн.)

Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ги кренале очите во небото имале што да видат: по небото, со чудесна леснина, престорен во гулаб летал ли, летал самиот Мише Сечко.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со чудесна леснина таа владееше со мојот свет на кажаното, претпоставеното, понираше во семејната судбина со извонредна моќ и интуиција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)