чудесен (прид.) - хармонија (имн.)

Тие, во песната, ја постигнуваат чудесната хармонија на разликите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Всушност, самата градба на храмот беше една чудесна хармонија која, штом ќе ја видиш, ти влегува во окото и однатре те осветлува. Да не зборуваме за живописот нарисуван од даровити раце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)